На 28.01.2019-та година (понеделник) во Дом на култура „25-ти мај“ – Валандово, ќе биде поставена изложба на заборавени и одамна недопрени, односно „тажни“ книги. Изложбата ќе биде отворена од 19 часот.
На неа ќе бидат поставени книги кои досега ниту еднаш не биле допрени од рацете на валандовските читатели и кои со децении останале да спијат на полиците во градската библиотека во Валандово.