Гевгелиско Архиерејско Намесништво ги известува православните верници дека по повод празникот Богојавление-Водици на градскиот базен во Валандово со почеток во 12 часот ќе се изврши чинот на осветување на водите и потопување на светиот крст.
Оттаму препорачуваат за сите кои сакаат да учествуваат во пливањето по Крстот да си направат здравствен преглед.
Учеството задолжително да се пријави во црквата „Св.вмч.Димитриј“ – Валандово.