Валандовската библиотека распишува конкурс по повод 8-ми март

Градската библиотека „Гоце Делчев“ – Валандово, распишува конкурс по повод 8-ми март – Меѓународниот ден на жената. На конкурсот можат да учествуваат сите заинтересирани.

Децата од детската градинка „Калинка“ можат да учествуваат со ликовни творби, кои треба да се достават во просториите на Домот на култура „25-ти мај“, најдоцна до 22-ри февруари.

Учениците од основните и средното училиште, како и возрасните граѓани од општина Валандово, можат да учествуваат со ликовна творба, есеј (состав) или песна.

Сите кандидати што сакаат да учествуваат на конкурсот, освен кандидатите од детската градинка, творбите ќе ги создаваат во просториите на Домот на култура, на 21-ви февруари (ден за ликовни творби) и 22-ри февруари (ден за книжевни творби) од 13 до 15 часот. Темите ќе бидат објавени на денот на конкурсот.

Секој кандидат може да учествува само со една творба – ликовна или книжевна и истите, потребно е со себе да понесат потребен материјал за создавање на творбите. Најдобрите кандидати ќе бидат наградени со пригодни награди.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password