На 21.02.2019-та година (четврток) во 19 часот, во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово, ќе биде поставена изложба – дел од настанот „Богданци и Валандово низ леќата на младите фотографи“.
На изложбата ќе бидат изложени фотографии на 14 млади фото-автори од регионот на југоисточна Македонија работени во периодот октомври 2018 – јануари 2019, под стручно водство на Македонскиот центар за фотографија.
Настанот го организира Центарот за современи уметности и неформалната група „Млади фотографи од Валандово“.