Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово се одржа семинар за наставниците на тема: „Превенирање на насилството во основните и средните училишта“.
Наставниците беа запознаени со социолошките аспекти на насилството во училиштето, како да ги препознаваат и како да ги превенираат.
Семинарот беше реализиран од страна на предавачи од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики „Европа за тебе“ – Скопје и поддржан од општина Валандово.