Објавен е тендерот за зелена нафта: 55.000 земјоделци ќе добијат субвенции за ова гориво

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација, односно зелена нафта.

Како што претходно изјави министерот за земјоделство – Љупчо Николовски, веќе се обезбедени средства во висина од над 200 милиони денари за субвенционирање на 30% од првата година, со можност до 50% за следната година што ги дава законот. Тендерот ќе трае 70 дена по што ќе бидат дистрибуирани зелените картици до корисниците и треба да биде реализирано до средината на оваа година.

Зелената нафта како земјоделска мерка за првпат е воведена во Годишната програма на министерството, со која ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци од земјава. Оваа мерка значително ќе ги намали нивните производствени трошоци. Неа можат да ја користат земјоделците што имаат градинарски, овошни и полјоделски култури, како и лозови насади.

Николовски додаде дека од оваа година, Министерството ќе го спроведе ослободувањето од персонален данок што треба во наредните денови да биде прецизирано и со УЈП.

Заинтересираните економски оператори можат да дадат свои предлози и коментари на објавената тендерска документација на состанок кој ќе се одржи на 06.05.2019-та година во 11 часот во просториите на Агенцијата.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.