Од сто кутии кибрит, во период од околу два месеца, валандовчанецот Васил Тасев изработи макета на црквата „Св.Пророк Илија“ од село Раброво.
За изработката, освен кибрит користел и картон, а прецизноста е најважна за деталите – вели Тасев.
Од ова негово интересно хоби досега произлегле многу изработки, односно макети на цркви, како и други верски објекти, куќи, настрешници и слично. Вели дека изработките ги прави за најблиските.
Негов следен проект е изработка на макета на црквата „Пресвета Богородица“ од Јосифово.



