На 08.05.2019-та година (среда) во спортската сала „Филип Втори“ во Валандово, ќе се одржи групната фаза од третиот круг на фудбалскиот „Хедис Куп“.
На него силите ќе ги одмерат: „Џокер“ – Фурка како домаќини на Купот; „Кабелнет“ – Прилеп и „Биџо“ – Куманово.
Натпреварите ќе почнат од 19 часот.
Во „Хедис Купот“ учествуваат млади надежни фудбалери од генерација 2008/09 и во него се опфатени млади од повеќе градови во земјава.