Хуманоста на дело: волонтерите од „Црвен крст“ – Валандово со успешно завршен ПХВ циклус

Волонтерите од „Црвен крст“ – Валандово, успешно завршија уште еден ангажман во ПХВ циклусот оваа година.

Нивниот дисеминатор Зоран Тодоров на својот фејсбук профил сподели дека децата кои учествуваа беа креативни и вредни, организирајќи низа хуманитарни настани, се со цел да им се помогне на нашите сограѓани. Дел од нивните активности беа: организирање неколку театарски претстави, две кино проекции, помагаа на Дневниот центар за деца со посебни потреби, помагаа на свои другарчиња, но и собраа средства за помош на повеќе целни групи.

Крајниот резултат за нив како волонтери е задоволителен, објави Тодоров. Тие заеднички, но и со помошта на сите хумани жители на општина Валандово успеале да набават: 2 поголеми фрижидери, голем електричен шпорет, мал електричен шпорет, кревет, топломер no contact, помош во едукативни средства за наша ученичка, ранец за наш ученик, таблет.

Сепак, како што напиша Тодоров, најважно е што барем делумно беше сменета дневната рутина на децата и уште поважно, успеале некому барем малку да му го олеснат животот. Тој се заблагодари и на претходната дисеминаторка Габриела Николова, директорката на ООУ „Јосип Броз Тито“ – Даниела Џонова за постојаната поддршка, како и до сите хумани жители.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password