Делегации на Република Србија и на Градската општина Лазаревац ќе бидат во официјална посета на општина Валандово, во периодот од 29.05.2019 година (среда), до 31.05.2019 година (петок).
Целта на посетата е продлабочување на односите на граѓаните и институциите од двете пријателски општини и држави, како и потпишување на протокол за обновување на соработката меѓу овие две општини, со кој ќе се создадат услови за јакнење на меѓусебната соработка, размена на искуства и знаења, како и интензивирање на поврзаноста меѓу граѓаните од двете збратимени општини.
Општина Лазаревац, е општина во градот Белград, со површина од 38.351 ha, на која живеат околу 62.000 граѓани. Поврзувањето на општина Валандово со Градската општина Лазаревац започнува од 1977 година, кога е потпишан и меѓусебниот договор за збратимување.