Раскинувањето на договорот за Казандол законито: тужбата на „Сардич“ одбиена како неоснована

Валандово / 11:49

Тужбата на друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДОО Увоз-Извоз, Управниот суд на Македонија ја одби како неоснована, а едностраното раскинување на договорот за рудникот „Казандол“ беше оценето како законито.

Во соопштението на Владата стои: Судот најде дека врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба, Владата правилно го применила и материјалното право, кога на тужителот „Сардич МЦ“ еднострано му го раскинала Договорот за концесија. Причините кои се сметаат за основани е тоа што концесионерот во рокот од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и после две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар.

Владата наведува дека останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјава и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password