Неделава ученици и професори од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, преку Еразмус + проектот „Исти сме, иако на различен начин учиме“ престојуваат во Полска.
Освен нив престојуваат и ученици од Бугарија, Романија, Полска и Литванија.
На првата средба за запознавање, сите ученици ги презентираа активностите кои ги реализирале во своите држави. Беа на прошетка во градот Пулави, го посетија паркот Чаторески и главниот град Варшава.