Општина Валандово распиша јавна набавка, преку која ќе набави компјутерска опрема и опрема за училишен медиум како дел од имплементацијата на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Овој проект е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а имплементиран од УНДП.
Целта на проектот е преку мали грантови наменети за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации и граѓански форуми да бидат финансирани проекти кои ќе придонесат за поголем социјален импакт, обезбедат еднакви можности за мажите и жените, воспостават партнерства помеѓу организации и граѓани и истите продолжат да бидат одржливи и по престанок на финансирањето.