Започнува имплементацијата на проектот „Свеста за своето Валандово“

Започнува имплементацијата за проектот „Свеста за своето Валандово“ кој го реализираат општина Валандово и општинските образовни институции во партнерство со Здружението Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики „Европа за тебе“ од Скопје.

Целта на проектот е преку едукативни работилници, семинари и посети на локациите од историска важност за нашата општина, младите од општината да ја развијат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство.

Учесниците во проектот, ќе изготват и промотивен материјал со цел поефективно претставување на валандовската вредност и посебност пред останатите и ќе допринесат во дополнителна едукација за сопственото културно наследство кај најмладите од општина Валандово.

Овој проект е поддржан од Министерството за култура, како дел од поддршката на проекти од национален интерес во културата.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password