Валандовската библиотека воведува нова услуга – Друштвени игри

Библиотеката „Гоце Делчев“ од Валандово отвора нова услуга – Друштвени игри (Board Games). Инспирирани од современите трендови на трансформација на библиотеките, се одлучиле на овој чекор со цел да ја доближат библиотеката до граѓаните на еден поинаков начин.

Друштвените игри го поттикнуваат мисловниот процес кај учесниците, а воедно при самото играње иницираат комуникација и социјализација. Risk, Dixit Odessey, Scotland Yard, Scotland Yard jr, Ramzes II, Quatro, Quixo, Ticket to Ride Eвропа, Paku Paku, Small Star Empires се само дел од игрите кои ги нуди библиотеката.

Тие упатуваат јавна покана до сите заинтересирани, а особено младите, да го посетат настанот посветен на отворање на оваа услуга.

Отворањето ќе се одржи на 29-ти јули (понеделник) со почеток од 9 часот. Понатаму, по завршувањето на настанот услугата за изнајмување на друштвени игри ќе биде активна во текот на целото работно време на библиотеката.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.