Градоначалникот Перо Костадинов на свечената седница која се одржа во Владата, заедно со директорот на Бирото за регионален развој – Рамиз Реџепи, го потпиша договорот за реализација на проектот „Сообраќајно поврзување на Индустриската зона Раброво со Регионалниот пат Р-1105“, во вредност од 461.677 денари.
Проектот треба да се реализира со заеднички средства од општина Валандово, Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа.
Овој проект е дел од Програмата за рамномерен регионален развој, на Министерството за локална самоуправа за 2019-та година, наменет за проекти за развој на селата и подрачјата со специфични развојни потреби.