Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово опреми посебно катче за учење, забава, дружење, стекнување нови искуства и играње друштвени игри, кои на 29-ти јули (понеделник) ќе бидат воведени како нова услуга на библиотеката „Гоце Делчев“.
Воведувањето на друштвените игри се со цел библиотеката да им се доближи на граѓаните на еден поинаков начин. Тие го поттикнуваат мисловниот процес кај учесниците, а воедно при самото играње иницираат комуникација и социјализација.
Дел од игрите кои ќе бидат достапни за изнајмување од библиотеката се: Risk, Dixit Odessey, Scotland Yard, Scotland Yard jr, Ramzes II, Quatro, Quixo, Ticket to Ride Eвропа, Paku Paku, Small Star Empires и уште многу други.

