Валандовските дечиња утрово уживаа во новата услуга на библиотеката – друштвени игри

Утрово валандовските дечиња имаа можност да се запознаат и да уживаат во Друштвени игри – најновата услуга на библиотеката „Гоце Делчев“ – Валандово, која од денес почна да функционира.

За новата услуга опремено е и ново катче во просториите на Домот на култура „25-ти мај“ каде посетителите можат да играат, другаруваат, да се забавуваат и натпреваруваат.

Целта на воведувањето на новата услуга е да им се доближи библиотеката на граѓаните од поинаков аспект. Голем број на различни друштвени игри се на располагање за изнајмување секој работен ден, во текот на целото работно време на библиотеката.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password