Вечерва во просториите на О.О.У „Страшо Пинџур“ – Јосифово ќе се одржи крводарителска акција во организација на „Црвен Крст“ – Валандово. Акцијата традиционално се одржува секоја година во месец август, во пресрет на големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“.
Крв ќе се дарува во периодот од 19:30 до 23 часот.
Инаку оваа крводарителска акција е една од поуспешните кои се реализираат во Јосифово и на неа даруваат крв крводарители од с.Јосифово и с.Удово.