Репрезентативецот Антонио Петровски нов голман на КМФ „Проект“-Јосифово

Репрезентативецот Антонио Петровски е новиот голман на екипата на КМФ „Проект“ – Јосифово, кој ќе го брани голот во новата футсал сезона.

Тој веќе долго време е и број еден голман на Македонската футсал репрезентација.

Пред само неколку дена репрезентативците Дарко Ранготов и Мартин Тодоровски се приклучија на тимот на КМФ „Проект“, кои потпишаа договор со Претседателот на клубот – Иван Гавровски.

Екипата на КМФ „Проект“ во новата сезона ќе смета на овие двајца играчи кои имаат големо клупско и репрезентативно искуство. И Ранготов и Тодоровски имаат освоено многу поединечни и клупски награди. Минатата сезона и двајцата настапуваа за екипата на КМФ „Велес“.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.