Пожарот во реонот на с.Грчиште кој зафати нискостеблеста шума и сува трева е локализиран и под контрола. Во гаснењето на пожарот учествуваа екипи на ТППЕ Валандово и ШС „Санџак“ – информираат од Центарот за управување со кризи.
Екипите за гаснење на пожарот беа активирани уште од раните утрински часови.
Се апелира до сите граѓани на поголема свесност и внимателност, како и да не се палат огнови на отворено, особено во овој критичен период на високи температури. Исто така, казните за предизвикан пожар се од 1.500 до 3.000 евра за физичко лице и од 6.000 до 8.000 евра за правни лица.
Доколу граѓаните забележат пожар, веднаш да го пријават на бесплатните телефонски броеви: 193 (пожарна) 195 (РЦУК) и 192 (полиција).