Од септември стартува новата ракометна школа во Валандово на РК „Младост“ – Богданци, наменета за најмладите од општината.
Школата ќе биде предводена од тренерите Мите Стоилов и валандовчанецот Мартин Ташков. Тренинзите ќе се организираат за машки и женски категории.
Општина Валандово го поддржува овој проект кој им овозможува на децата од општината активно и професионално да спортуваат. Со поддршката на разните спортски активности, таа помага во градењето заедница на здрави и активни граѓани.
За отворањето на ракометната школа на „Младост“ во Валандово, општината издвои средства во висина од 60.000 денари.