Домот на културата во Валандово, по оспособување на просторот за играње друштвени игри за најмладите, но и за повозрасните, од септември воведува нова услуга.
„Читателска работилница“ е услуга наменета за деца од трето до петто одделение која во текот на изминатата година беше проектирана како пилот програма која што беше успешно реализирана.
Oвој проект има за цел да ја подигне свеста за читање кај децата уште во најрана возраст.