Синоќешниот дожд не ги спречи посетителите на „Josifovo Summer fest“ комплетно да уживаат во музиката на фестивалот, па така, останаа да се забавуваат до раните утрински часови.
И вечерва со исто темпо продолжува фестивалската треска, која Јосифово го стави во центарот на случувањата.
За вечерашното расположение на фестивалот, вечерва ќе се погрижат: „Ареа“, „Нокаут“, Марко Логаут, диџеј Никифор и диџеј Стефано, како и неповторливиот Игор Џамбазов.
Почетокот на фестивалот е од 21 часот, а влезот е слободен.