По повод Денот на ослободувањето на општина Валандово – „6-ти Ноември“, делегации на Општина Валандово, Советот на Општина Валандово, Министерството за внатрешни работи, општински институции и политички партии положија свежо цвеќе пред споменикот на борците од НОБ во градскиот парк, Пеонија.
На 75 годишнината од овој голем датум од нашата историја, се оддаде чест на 34 загинати борци, вклучени во Народно ослободителното движење, на жртвите од фашистичкиот терор и на сите поддржувачи во борбата за слобода и антифашизам. Оваа борба е темелот на новото демократско и слободно Валандово, заедница на граѓани со отворени умови и големи срца.