Дневниот центар за лица со посебни потреби и детската градинка „Калинка“ – Валандово, со заеднички активности го одбележаа 28-ми февруари – Светскиот ден на ретки болести.
Дечињата уживаа во заедничката дружба и со обоени лица во шарени бои, ја пренесуваа пораката „Покажи ја твојата реткост, покажи ја твојата грижа“.
Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за постоењето на ретките болести. Од почетокот на неговото одбележување во 2008-ма година, се организираат илјадници настани низ светот. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен со учество на се поголем број земји.



