Градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов, денеска организираше прием за делегацијата од збратимената општина Трбовље, од Р.Словенија, составена од Матеја Камплин Тахировиќ, Вања Преволник и ученици од ОУ „Иван Цанкар“, ОУ „Трбовље“ и ОУ „Тоничка Чеч“ кои деновиве се во посета на нашата општина и ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово.
Учениците од Трбовље во Валандово се како дел од програмата за размена на млади и градење соработка и престојуваат кај свои врсници – ученици во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово.
Со престојот на младите од Трбовље кај млади од нашата општина, се овозможува другарување, подобро запознавање и создавање пријателства од најмлади години кои траат цел живот и ја зацврстуваат и продлабочуваат поврзаноста на двете збратимени општини.