На 11.07.2019-та година (четврток) со почеток од 20:30 часот на градскиот плоштад во Валандово, ќе се одржат традиционалните „Петровденски средби 2019-та“.
На средбите, освен ансамблот Распеани Валандовчани, ќе настапат и Распеани Гевгеличани, Распеани Радовишани, Распеани Велешани и Распеани Струмичани.
Настанот ќе биде проследен во духот на македонските староградски песни и по повод празникот Петровден.