Советот на општина Валандово одржа комеморативна седница по повод смртта на советникот Димче Балески

Советот на општина Валандово одржа комеморативна седница по повод смртта на советникот Димче Балески. На седницата свое обраќање имаа претседателот на Советот – Владимир Марков, градоначалникот – Перо Костадинов и пратеничката на ДОМ – Лилјана Поповска.

Димче Балевски беше роден на 18.09.1957 година. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Беше член на Советот на Општина Валандово од редовите на коалицијата „Живот во Македонија за сите“.

Беше истакнат член на политичката партија ДОМ. Важеше за основоположник на органското производство на земјоделски производи во нашата држава и беше сестрано ангажиран човек.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.