Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја посети реконструираната полициска станица во Валандово. Полициската станица се реконструира, за прв пат по неколку децениското постоење во градот. Општина Валандово, доби реновирана полициска зграда за припадниците на валандовската полиција и соодветни и современи просторни услови за нивно ефективно работење.
Реконструкцијата на станицата опфаќаше замена на електричната и комуналната инсталација на објектот, реновирање на внатрешните простории, нова фасада и заменување на столаријата во објектот. Реконсгрукцијата беше изведена со средства на Министерството за внатрешни работи.