По повод Денот на ослободувањето на општина Валандово – “6-ти Ноември”, делегации на Општина Валандово, Советот на Општина Валандово, Министерството за внатрешни работи, општински институции и политички партии положија свежо цвеќе пред споменикот на борците од НОБ во градскиот парк, „Пеонија“.
На 75-годишнината од овој голем датум од нашата историја, се оддаде чест на 34 загинати борци, вклучени во Народно ослободителното движење, на жртвите од фашистичкиот терор и на сите поддржувачи во борбата за слобода и антифашизам.
Оваа борба е темелот на новото демократско и слободно Валандово, заедница на граѓани со отворени умови и големи срца се вели во соопштението од Општината.