Општина Валандово ќе издвои 285.550 денари за уредување на паркот на плоштадот

Валандово / 12:07

Логото „Заљуби се во Валандово“ ќе го краси постаментот пред споменикот во центарот на градот. Во план е да се уредува плоштадот во Валандово, за кој, општината распиша оглас за прибирање на понуди за уредување на паркот на плоштадот (кај пензионерски дом). Вредноста на овој проект изнесува 285.550 денари (без ДДВ).

Проектот во себе опфаќа поставување на метални рамки на патеката која води од пензионерскиот дом кон споменикот, кои ќе создаваат илузија на разиграна структура. Целосно ќе биде реставрирана, осветлена и обоена телефонската говорница а на веќе постоечките липи и борови ќе се постават нови, дрвени жардинерии, кои исто така ќе бидат осветлени.

Од општината велат дека старите, искршени клупи ќе бидат отстранети и заменети со три целосно нови, дупли клупи, долги 4 метри, околу кои ќе има осветлување.

Се очекува проектот да биде реализиран пред почетокот на пролетта, односно до средината на месец март. Крајниот рок на прибирање на понуди е 07.02.2019-та година.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password