Црковниот одбор при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од село Јосифово, ги известува жителите на општина Валандово, дека на 26.05.2019-та година (недела), ќе се одржи Архиерејска Богослужба, на која ќе чиноначалствува Повардарскиот митрополит господин Агатангел, со свештеници од Гевгелиското намесништво.
Архиерејската богослужба ќе почне во 8 часот.
Од Управата упатуват јавна покана до сите кои сакаат да учествуваат на светата литургија.