Почнаа градежните активности за асфалтирање на улицата во „Горна Маала“ во населеното место Марвинци – соопшти градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.
Станува збор за улица која ги поврзува „Горна Маала“ и магистралниот пат Р – 1401, во должина од 570 метри. На неа ќе бидат поставени 2.042 квадратни метри асфалтна маса.
Градежните активности ги изведува Друштвото за трговија, земјоделство, производство и услуги БОНИ ИНТЕРГРАДБА ДОО увоз-извоз Штип а вкупната вредност на реализацијата на овој проект изнесува 2.243.788,00 денари.