Ловно друштво „Орел“ – Валандово известува дека, според решението добиено од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, за санитарен одстрел на дива свиња, ловот ќе го изврши на 01.09.2019 година (недела).
За таа цел, се известуват ловците кои сакаат да учествуват во ловот и кои ја имаат измирено членарината за 2019-та година, да се пријават во канцеларијата на друштвото, како би биле заведени и пријавени во Шумското за добивање дозвола за движење во шума.
Во канцеларијата на душтвото ловците можат да се обратат и за подетални информации за извршување на ловот.