Деновиве, како последица од екстремно намалена издашност на вода од водозафатот, како и зголемената потрошувачка на вода, населеното место Брајковци се соочува со недостаток на вода за пиење и чести рестрикции во водоснабдувањето.
ЈП „Комунален сервис“ – Валандово и општина Валандово започнаа постапка за трајно решавање на проблемот со водоснабдување на Брајковци со нов артерски бунар (бушотина), преку кој ќе се обезбедат доволни и сигурни количества на вода за населеното место, во текот на целата година.
Од „Комунален сервис“ апелираат, во наредните денови рационално да се користи водата.