Новата колекција на модниот бренд „Занов“ позади кој стои дизајнерот Мите Занов, по потекло валандовчанец, вечерва премиерно ќе биде презентирана пред публиката.
„BLEUE“ есен-зима, 19/20, е инспирирана од нијанса на сината боја која е препознатлива за делата на францускиот уметник Ив Клајн.
Вeчерва во „BKW Hybrid bar“ во Скопје, со почеток од 20 часот, љубителите на модата ќе можат да ја видат, пробаат и да го купат омилениот дизајн од новата колекција.
Колекцијата ќе биде презентирана и преку видео проекција, а настанот ќе трае до 1 часот по полноќ.