Делегација од Градската Општина Лазаревац, предводена од заменик претседателот на општината – Милоје Живановиќ и директорката на ОУ „Вук Караџиќ“ – Степојевац се во посета на ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово.
Во рамки на посетата двајцата директори потпишаа Меморандум за соработка, согласно кој двете училишта се обврзуваат на заедничка соработка и размена на искуства во воспитно образовниот процес, како и размена на ученици во текот на учебната година.
Посетата и потпишувањето на меморандумот, се одвива во рамки на претходно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Општина Валандово и ГО Лазаревац од страна на претседателот на ГО Лазаревац – Бојан Сингелиќ и градоначалникот на Општина Валандово – Перо Костадинов.